Евакуација на „Стемфорд бриџ“ пред мечот Челси – Ватфорд

Стадионот на новиот шампион Челси, „Стемфорд бриџ“ е итно евакуиран на два часа до почетокот на дуелот против Ватфорд во Премиер – лигата. Не се раоботи за закана од терористички напад, туку за вклучување на противпожарниот аларм, поради мал локален пожар блиску до самиот терен.

Сепак, спроведена е итна евакуација на сите присутни, а пожарот е ставен под контрола. Според најавите од Островот, натпреварот меѓу Челси и Ватфорд би требало да започне во предвидениот термин, од 21 часот. Челси во минатото коло и официјално ја освои шампионската титула, а сега фудбалерите ќе се појават пред своите фанови на „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...