Еве зошто ПСЖ не е тим – играчите по медали, Сердарушиќ седи сам на страна

Пари сен Жермен е убедливо најскапиот ракометен проект во Европа, но никако не успева да ги оправда очекувањата кога станува збор за Лигата на шампионите, како што впрочем е случај и со фудбалскиот колектив.

„Светците“ попладнево во мечот за третото место го победија Вардар, но оваа фотографија од доделувањето на медалите најдобро го отсликува главниот проблем на францускиот гигант, премногу ѕвезди на теренот и непочитување на авторитетот на тренерот.

Нока Сердарушиќ летово си заминува од клубот, со нова титула во првенството, но без европска круна. Недисциплината во играта беше очигледна на вчерашното полуфинале, па и на делови од денешниот дуел со „вардарци“, доволен доказ за непочитување на предводникот од клупата, кој во „знак на протест“ остана да седи таму и додека целиот тим се најде на теренот, за да ги прими бронзените медали од овој фајналфор турнир.

Раул Гонзалес важи за тивок генијалец, па јасно е дека и самиот Шпанец ќе има сериозни проблеми во обидот да ги стави под себе големите ѕвезди како Карабатиќ, Хансен, Ремили, Генсхајмер… А тоа е неопходно ако Раул сака да го исполни она што се бара од него – европска титула.

Се вчитува...