Евертон го договори Тосун, Бешикташ со рекордна заработка

Евертон го договори првото засилување за јануари, напаѓачот на Бешикташ Ченк Тосун. Трансферот ќе изнесува 30 милиони евра, а турскиот првак ќе запише рекордна заработка од продажба на еден играч. 26-годишниот турски репрезентативец утре патува за Ливерпул каде ќе ги изврши медицинските прегледи и ќе го официјализира трансферот.

Сем Алардајс го продолжува трендот на раскошно трошење на средствата, откако „карамелите“ во летниот преоден рок потрошија 140 милиони евра, кои очигледно не беа доволно за Евертон да има успешна сезона, па поради тоа пристигнуваат уште играчи.

Тосун има фантастична сезона зад себе, откако со четири погодоци во Лигата на шампиони му помогна на Бешикташ за прв пат во нивната историја да се пласираат во нокаут фазата. Во турското првенство засега брои осум погодоци, додека во минатата, шампионска сезона за клубот постигна 22 гола.

Се вчитува...