Англискиот премиерлигаш Евертон сака да го засили средниот ред со фудбалерот на Интер, Матијас Весино. Менаџерот Карло Анчелоти добро ги познава квалитетите на Весино од Серија А и се обидува да го доведе во Премиер – лигата. Евертон за него е подготвен да плати 20 милиони евра.
Како што информира „Газета дело спорт“, раководството на „нероаѕурите“ е фокусирано на ангажманот на Оливие Жиру од Челси, но заминувањето на Матијас Весино е речиси договорено и треба да се реализира до крајот на зимскиот преоден рок.
Анчелоти претходно се интересираше и за Емре Џан од Јувентус, но откако му стана јасно дека нема шанси да стигне до Германецот реши вниманието да го насочи кон Весино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА