Евертон го откупи договорот на Андре Гомеш

Португалскиот интернационалец Андре Гомеш комплетно е фудбалер на Евертон. Англискиот премиерлигаш го откупи целосно неговиот договор од Барселона, соопшти клубот.

25-годишниот играч за врска минатата сезона играше на позајмица во Евертон, а по добрите игри раководството на клубот одлучи да ја активира клаузулата за откупување на договорот. Евертон плати 22 милиони фунти за Андре Гомеш.

Тој минатата сезона одигра 27 натпревари за Евертон, постигна еден гол и имаше една асистенција.

Се вчитува...