Евертон ќе го враќа Ремзи во Премиерлигата?

Арон Ремзи може оваа зима да се врати во Премиерлигата откако за неговите услуги интерес покажа Евертон. Велшанецот кој беше дел од Арсенал цели единаесет години во 2019 година премина во редовите на Јувентус, но не се снајде во Торино.

Досега одигра само 70 натпревари во сите конкунреции за „старата дама“ на кои шест пати ја тресеше мрежата и шест пати асистираше до своите соиграчи. Оваа сезона настапи само пет пати започнувајќи од клупата и воопшто не е во плановите на Масимилијано Алегри.

Рафа Бенитез во Ремзи бара спас за лошата сезона во која по 15 одиграни натпревари „карамелите“ освоија само 18 бода и во моментот се наоѓаат на 12. место на табелата во елитното натпреварување на „Островот“.

Се вчитува...