Евертон му зададе нови главоболки на Маурицио Сари

Евертон го совлада Челси со 2-0 на домашен терен и му зададе нови главоболки на менаџерот на „сините“, Маурицио Сари. По 30 кола во Премиер – лигата, тимот од „Стемфорд бриџ“ се наоѓа на шестата позиција и има три бода негатива во однос на четвртопласираниот Арсенал и еден бод помалку од Манчестер Јунајтед, кој е на петтото место.

Ришарлисон во 49.минута го доведе Евертон во водство, а Сигурдсон го постигна вториот гол за „карамелите“ во 72.минута. Кепа Аризабалага го одбрани неговиот удар од белата точка, но Сигурдсон од вториот обид сепак ја погоди мрежата на Челси.

Се вчитува...