Евертон му зеде мерка на Арсенал

Евертон стави крај на серијата на Арсенал од два месеци без пораз откако „карамелите“ попладнево славеа над „топчиите“ со минимални 1-0, компликувајќи ја битката на лондонскиот клуб за мето кое води во Лигата на шампионите.

Ветеранот Јагиелка доби шанса во првиот тим само пораи повредата на Кин и максимално ја оправда довербата, не само што одигра одлично во одбраната, туку и го постигна победничкиот гол во раната фаза од натпреварот.

Арсенал одигра далеку под своите можности, a само слабата реализациска способност на Бернард, Сигурдсон и на Ричарлисон придонесе Лено само еднаш да ја вади топката од својата мрежа.

Се вчитува...