Евертон пак се посрамоти, конечно малку радост за Лидс

Рафа Бенитез повторно е блиску до отказ во Евертон, откако „карамелите“ го загубија премиерниот меч во новата година, на домашен терен од Брајтон со 1-2. Доминик Калверт Луин конечно ги надмина проблемите со повредата и беше стартер, но одличниот напаѓач денеска не беше на своето ниво, промашувајќи пенал во првото полувреме при резултат 0-2.

Евертон на стартот од второто полувреме намали преку Гордон, но Мекалистер со својот втор гол на мечот ја врати предноста на гостите на „плус два“. Гордон пред крајот постигна уште еден погодок за Евертон, но тоа беше премалку за да се избегне деветтиот овосезонски пораз на „карамелите“.

Навивачите на Лидс конечно имаат причина за радост откако „белите“славеа на домашен терен над Барнли со 3-1, само четврта победа сезонава за избраниците на Марсело Биелса. Харисон го доведе Лидс во водство во првото полувреме, на почетокот од вториот дел Корне израмни на 1-1, но домаќините стигнаа до заслужен триумф благодарение на погодоците на Далас и на Џејмс.

Брентфорд со резултатски пресврт го совлада составот на Астон Вила со 2-1. Дени Ингс ги доведе гостите во водство, но Виса и Расмусен донесоа пресврт и три бода за домашните фудбалери.

Се вчитува...