Евертон по целосен пресврт го доби дербито со Арсенал (ВИДЕО)

Со дерби натпреварот меѓу Евертон и Арсенал вечерва беше комплетирано 15-то коло во англиската Премиер лига, а „карамелите“ по еден одличен пресврт успеаја да ги победат „топџиите“ со резултат од 2-1.

Натпреварот го отвори Арсенал на крајот од првото полувреме, а Мартин Одегард беше фудбалерот кој во 46. минута донесе минимална предност за тимот од Лондон (0-1).

На овој дуел ВАР поништи дури два гола кои беа постигнати од домаќините, но и тоа не ги обесхрабри фудбалерите на Евертон, кои во последната фаза од натпреварот направија целосен пресврт за освојување на големи три бода. Ричарлисон најпрвин изедначи на 1-1 во 79. минута, додека Демараи Греј ја донесе „слатката“ победа во 92. минута.

По овој триумф Евертон се наоѓа на 12-то место со осумнаесет освоени бода, Арсенал останува на 7-та позиција со 23 поени.

 

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1467961965008064516/pu/vid/1280×720/RfChvvXCbxJGOgpj.mp4?tag=12

 

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1467973269177393154/pu/vid/1280×720/RDvyyHvQfrZGjelJ.mp4?tag=12

 

Се вчитува...