Евертон повторно е во потрага на тренер откако Рафа Бенитез доби отказ по само шест и пол месеца. Како прва опција се јавува Вејн Руни кој во моментот ја извршува функцијата менаџер на Дерби Каунти, но доколку „карамелите“ не успеат да ја вратат легендата на „Гудисон Парк“ ќе тргнат по Френк Лампард.
Легедната на Челси е без ангажман по тренерската авантура на „Стемфорд Бриџ“, а ќе биде интересно да видиме дали навивачите ќе го „одобрат“ овој потег на раководството. Лампард носејќи го дресот на Вест Хем, Челси и Манчестер Сити одигра 39 натпревари против Евертон на кои 10 пати стрелаше, а пет пати асистираше до своите соиграчи.
Како потсетување, навивачите на Евртон беа против ангажманот на Рафа Бенитез кој во минатото додека го предводеше градскиот ривал Ливерпул имаше погрдни коментари за клубот па шпанскиот стратег не доби никаква поддршка во сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА