Резултатската криза на Њукасл дополнително се продлабочи откако „црно-белите“ во деветтиот меч го претрпе и својот петти пораз, овојпат на домашен терен од Евертон со 0-1.
Слабиот напад повторно беше сериозен проблем за овој клуб, а навивачите разочарани си заминаа дома, свесни дека Њукасл веќе нема капацитет да се бори за висок пласман и место во ЛШ како што тоа до неодамна беше случај.
Вечерашниот дуел беше ешен на самиот почеток од второто полувреме, кога по еден удар и несмасна интервенција на домашниот голман топката стигна до Бери, кој немаше тешка задача од еден метар да ја смести во мрежата.
За мизеријата на Њукасл да биде уште поголема, домашниот тим го заврши натпреварот со десет фудбалер откако Рамзи доби црвен картон во 97. минута.
Погодокот на Бери за големи три бода на Евертон можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
