Евертон завиен во црно: Почина претседателот на клубот

Претседателот на фудбалскиот клуб Евертон Бил Кенрајт, почина на 78-годишна возраст, соопшти клубот. Како што пренесуваат англиските медиуми, Кенрајт пред два месеци правел операција на тумор на црниот дроб.

Кенрајт на претседателското место во Евертон беше од 2004 година, а од 1989 година е член на Управниот одбор на клубот од „Гудисон“. Кенрајт беше претседател со најголг стаж во историјата на клубот.

„Клубот загуби претседател, лидер, пријател и инспирација“, се вели во соопштението од клубот.

Се вчитува...