Бразилецот Савињо синоќа дебитираше со гол и асистенција за Тотенхем во лига-купот победата над Чарлтон, а „спарси“ попладнево се пофалија со ново засилување од редовите на Манчестер Сити.
Омар Мармуш, египетскиот напаѓач кој не се снајде најдобро во Сити по трансферот од Ајнтрахт Франкфурт, без размислување ја прифати понудата за преселба во Тотенхем. Клубовите долго преговараа, за на крајот да се договорат, Мармуш доаѓа на едногодишна позајмица со опција „спарси“ следното лето целосно да го откупат неговиот договор за 60 милиони фунти.
„Прекрасно е чувството што сум овде, едвај чекам да почнам да работам со новиот тим, да ги запознаам навивачите. Тотенхем е еден од најголемите клубови во Англија, проектот е привлечен и не размислував многу за да дојдам“, истакна Мармуш.
„Спарси“ не планираат да застанат со засилувањата за нападот, па по потписите на Мармуш и на Савињо сега фокусот е префрлен кон Коди Гакпо од Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
