ЕВРО-ГОЛ на Тодороски за реми на Сумгаит во Азербејџан (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски постигна вистински евро-гол за Сумгаит во ремито (1-1) со Габала во 15. коло од шампионатот на Азербејџан.

Откако гостите најпрво во 74. минута поведоа со голот од пенал на македонскиот интернационалец Исник Алими, потоа во 79. минута Тодороски извонредно стрелаше откосо од работ на шеснаесетникот под самата греда од голот на гостите за конечни 1-1.

Во дуелот на двајцата македонски интернационалци, Алими го постигна шестиот гол за Габала сезонава, додека Тодороски го постигна првенецот.

  •  Голот на Тодороски може да го погледнете на временскиот исечок – 3:35…

Се вчитува...