Вилјареал стигна до голем триумф на гостувањето кај Реал Сосиедад од 1-3 во 18. коло од шпанската Ла лига. Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со неверојатниот погодок на младиот Швеѓанец, Александер Исак.
Сепак, до крајот на првиот дел гостите успеаја да израмнат преку Жерар Морено. Во второто полувреме прво Ојарзабал за домаќините доби директен црвен картон, по што Морено со својот гол го донесе во водство гостинскиот тим, а конечните 1-3 ги постави Чуквезе во 96. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА