„Евроголовите“ на Модриќ и Камавинга го водат „кралот“ до нов трофеј во Ла лига (ВИДЕО)

Реал Мадрид стигна до голема победа во борбата за титулата во шпанскиот шампионат откако вечерва на домашен терен го совлада секогаш незгодниот Реал Сосиедад со 3-1 во 27. коло.

Гостите рано поведоа преку Ојарзабал кој во 10. минута стрелаше од пенал. Сепак, до полувремето домаќините успеаја да направат целосен пресврт со двата „еврогола“ на Едуардо Камавинга и Лука Модриќ во 40. односно 43. минута.

Во вториот дел прво во 69. минута поради офсајд беше поништен гол на Карим Бензема, но истиот фудбалер само шест минути подоцна зголеми на 3-1 за „кралевите“. Конечните 4-1 ги постави Асенсио во 79. минута.

 

 

 

 

Се вчитува...