Евролига: Барса реди победи, Баерн губи здив

Барселона останува на чело на табелата во Евролигата по вечерашниот триумф на каталонскиот гигант над Химки со 87-74. Избраниците на Јасикевичиус уште во првото полувреме стигнаа до двоцифрена предност, не дозволувајќи им потоа на гостите од Русија ниту за момент да се понадеваат на чудо на оваа средба. Миротиќ одигра одличен меч и ги предводеше стрелците со 24 поени, а четири помалку од него постигна Кори Хигинс.

Баерн Михен го губи здивот во трката со најдобрите откако баварскиот гигант претрпе пораз на гостувањето против Зенит (79-75). Избраниците на Тринкиери прокоцкаа двоцифрена предност, а најзаслужен за победата на Зенит беше Били Берон со 20 постигнати поени.

Валенсија на гостински терен го совлада Олимпијакос со 85-96, меч на кој најефикасен во победничкиот тим беше Дубљевиќ со 20 поени.

На последниот вечерашен натпревар Асвел во својата сала го совлада Макаби со 84-81. Вилбекин постигна 25 поени, но ја промаши тројката за израмнување во самиот финиш, додека прв стрелец на Асвел во триумфот беше центарот Фол со 15 поени.

Се вчитува...