Евролига: „Кралевите“ го декласираа Панатинаикос

Реал Мадрид оствари убедлива победа над Панатинаикос во 13.коло од Евролигата. „Кралевите“ славеа со 89-68 и се зацврстија на второто место на табелата, со еден пораз повеќе од лидерот Фенербахче. Уште по првата четвртина, Реал Мадрид најави доминација, добивајќи ја со 23-10. Фабиен Касор со 14 поени беше најефикасен во победничкиот табор, а Лангорд од Панатинаикос со 20 поени беше прв стрелец на натпреварот.

Баерн Минхен славеше на гости против Олимпија Милано со 78-80. Дерик Вилијамс со 21 поен го предводеше германскиот тим на овој натпревар.

Макаби во Тел Авив беше убедлив против Химки и победи со 79-63, а Жалгирис оствари гостинска победа (71-75) против Дарушафака.

Се вчитува...