Евролигаш му го „краде“ Џонс на Партизан!?

Тајрик Џонс импресираше во првата сезона помина во Партизан наметнувајќи се како еден од најзначајните кошаркари на беглрадскиот евролигаш и покрај тоа што се очекуваше тој да биде само резерва за Брендон Дејвис.

Американскиот центар во Евролигата бележеше просек од 11.6 поени и 6.0 скокови, а и покрај тоа што има важечки договор со „црно-белите“ и за сезоната 2025/26 постои шанса да ги промени клупските бои.

За негов ангажман интерес покажа Олимпијакос кој се подготвува за кадровски промени, особено на центарската позиција која ќе претставува голем проблем за грчкиот тим со оглед на повредаата на Мустафа Фал и најавените заминувања на Мозес Рајт и Никола Милутинов.

Се вчитува...