Евролигата ги казни Црвена Звезда и Жалгирис

Дисциплинската комисија на Евролигата ја казни Црвена Звезда со 7.000 евра за инциденти на натпреварот од второто коло против Хапоел Тел Авив.

Како што беше објавено на официјалната веб-страница на натпреварувањето, Ц. Звезда беше казнета за навредливо навивање за време на натпреварот со Хапоел. На 29 септември, кошаркарите на Црвена Звезда беа поразени од Хапоел во белградската Арена со 81-80.

Евролигата соопшти дека го казнила и Жалгирис за инцидентите на натпреварот од второто коло против Олимпијакос (91-93).

„Жалгирис е казнет со вкупно 30.000 евра, како и со играње на натпреварот со ограничен капацитет од 80 % од салата (вклучувајќи го и затворањето на одредени сектори) за истакнување транспаренти на натпреварот против Олимпијакос. Примената на мерката ограничување на капацитетот на салата е условно одложена за сезоната 2026/27 во согласност со член 8 од правилникот за Дисциплинските правила, а таа ќе се спроведе доколку клубот повторно ги прекрши дисциплинските одредби“, беше соопштено од Евролигата.

Се вчитува...