Евролигата го избра потегот на сезоната – Спектакуларниот Рајт (ВИДЕО)

Спектакуларната блокада на центарот на Олимпијакос, Мозес Рајт во третиот меч од плеј-офот во Евролигата е избрана од навивачите за потег на сезоната во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Рајт во третиот меч од плеј-оф серијата го „залепи“ центарот на Барселона, Јан Весели при обидот за забивање, по што топката заврши во публиката.

Олимпијакос со 3-2 во победи ја елиминираше Барселона во четвртфиналето и се избори за Ф4 каде ќе се бори за трофејот заедно со Реал Мадрид, Панатинаикос и Фенербахче.

Се вчитува...