Евролигата го суспендираше Милош Теодосиќ

Капитенот на Црвена Звезда, Милош Теодосиќ е суспендиран од Евролигата поради непримерно однесување на натпреварот од 34. коло во елитното европско натпреварување.

Искусниот кошаркар најпрво направи жесток прекршок над противнички кошаркар, а потоа се впушти во судир со судијата Хуан Карлос Гарсија.

Поради сето тоа Теодосиќ заработи два меча суспензија во Евролигата, како и парична казна од 15.000 евра.

Се вчитува...