Евролигата ја одбра најдобрата петорка и го навлече бесот на кошаркарите: „Кој и да ја бирал треба да се засрами“

Евролигата денеска ја објави најдобрата петорка за сезоната 2023/24 во избор на навивачите, новинарите и капитените на тимовите кои учествуваат во елитното европско кошаркарско натпреварување.

Со најдобрата петорка се најдоа: Факундо Кампацо (Реал Мадрид), Мајк Џејмс (Монако), Кендрик Нан (Панатинаикос), Најџел Хејс-Дејвис (Фенербахче) и Матијас Лесор (Панатинаикос) што предизвика големо незадоволство кај остнатите кошаркарски ѕвезди.

Чима Монеке, Шејн Ларкин, Алек Питерс, Ван Весели, Маркус Хауард и Кенан Еванс се само неколкуте кошаркари кои оправдано или не, не го најдоа своето име меѓу најдобрите што воедно беше и повод за исмевање на социјалните мрежи.

Кошаркарот на Басконија, Монеке објави стори на социјалната мрежа „Инстаграм“ на кое напиша „Кој и да ја одбрал најдобрата петорка на Евролигата треба да се засрами“, додека Ларкин на социјанлата мрежа „Х“ (поранешен Твитер) прокоментира со насмеано емоџи.

Се вчитува...