Евролигата ги казни белградските екипи Црвена звезда и Партизан поради инцидентите кои ги предизвикаа нивните навивачите за време на седмото коло.
Црвена звезда доби забрана за присуство на навивачи на следните пет гостински натпревари, и згора на тоа ќе мора да плати вкупно 115.000 евра поради однесувањето на нивните навивачи за време на вечното дерби.
Паричната казна е поради навреди, употреба на ласери, фрлање на тврди предмети на теренот, но и пропусти во организацијата.
Црвена звезда доби и дополнителна казна од 7.000 евра поради навредливо скандирање на навивачите против Хапоел.
Парична казна заработи и Партизан и тоа во висина од 49.000 евра поради употреба пиротехнички средства во салата од страна на навивачите, употреба на ласери, навредливо скандирање, фрлање на тврди предмети и инциденти на паркетот. Покрај тоа, Партизан доби условна казна со намалување на капацитетот на салата доклку се повторат инцидентите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
