Факт е дека политиката и спортот тешко може да се одвојат, без разлика на бројните флоскули и на светско ниво дека политиката не смее да се меша во спортот. Историјата покажала дека бројни големи светски спортски натпреварувања, на разни начини, минале под превезот на политиката.
Така може и сега да биде за престојното Светско првенство 2026 ова лето. Првиот човек на САД, Доналд Трамп изминатиот период иритира бројни навивачи од светот кои најавуваат бојкот на Мундијалот, но последните закани доаѓаат и од европско тло од каде, дел од медиумите, најавуваат и можен бојкот од страна на европските селекции доколку се влоши ситуацијата околу Гренланд.
Трамп постојано најавува преземање на Гренланд, најголемиот европски остров кој е под суверенитет на Данска. Ако се случи тоа, следат отворени најави од Германија, Англија, Франција и Шпанија, дека во еден таков случај најдобриот одговор на ЕУ кон Трамп ќе биде бојкотот на Светското првенство 2026.
„Тоа би бил жесток удар за Трамп, пред се ако се знае неговото его. Сака да се издвои себе си над остатокот на светот, а во еден таков случај бојкотот на Мундијал во неговата земја би бил силен личен удар“ – пишуваат дел од европските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

