Европската шампионка во ММА, Македонката Даниела Алексовска, на 4 јули ќе влезе во кафезот за својата прва полупрофесионална борба на престижниот настан АРМАДА 13 во Бачка Паланка, Србија. Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52.2 кг против Ева Круз од Ирска.
Оваа борба ја означува првата појава на Даниела во кафезот по освојувањето на златниот медал на Европското првенство, и со овој настап, Даниела станува првата Македонка која стигнала до ова ниво во ММА спортот во женската конкуренција.
„Посветеноста на мојот тим ‘Д Стронгест’ и поддршката од луѓето во Македонија ми даваат силна мотивација. Подготвена сум повторно да го бранам македонското знаме на најдобар можен начин“ – вели Алексовска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА