Европскиот првак во „аут“: Алборг прв финалист во ракометната ЛШ

Европскиот првак Магдебург е елиминиран од Лигата на шампионите. Алборг е прв финалист, откако успеа да победи во денешното полуфинале во Келн со 28-26.

Цело време натпреварот беше „тесен“, никој не успеваше да направи поголема разлика, а Алборг во финишот стигна до конечна победа. Прво поведе со +2, па потоа Магдебург намали од пенал за да ја врати надежта, но таа згасна во финишот кога во последните секунди данскиот тим дојде до финалниот меч.

Залудни беа 10-те гола на Магнусон кај Магдебург, а кај победникот Хоксер беше најефикасен со осум голови.

Кил – Барселона е вториот полуфинален меч и ќе се игра во 18:00 часот. Победникот ќе влезе во финале, а поразениот ќе игра за третото место со Магдебург утре во Келн.

Се вчитува...