Европскиот првак во нокдаун, Атлетико поведе во 4. минута

Атлетико Мадрид фуриозно го стартуваше дуелот против Ливерпул, стигнувајќи до водство против европскиот првак по неполни четири минути игра. По еден корнер од десната страна топката го удри во нога Фабињо и дојде точно пред Саул Нигез, кој немаше проблем од неколку метри да ја затресе мрежата на Алисон Бекер.

Ваквиот резултат им дава крила на домаќините да го земат скалпот на актуелниот европски шампион, а Клоп сигурно ќе очекува многу подобро издание од своите избраници до крајот на мечот.

 

Се вчитува...