Ф1 ја измени програмата пред трката во Италија поради погребот на принцот Филип

Формула 1 реши да направи промена во програмата за претстојниот натпреварувачки викенд поради погребот на принцот Филип, кој ќе биде одржан во сабота.

Програмата за петок, пред трката за Големата награда на „Реџо Емилија“, се поместува за половина час подоцна, додека квалификациите во сабота ќе почнат еден час порано.

Првиот тренинг во петок ќе се води до 11 часот, а вториот од 14.30, по што во сабота тренингот ќе биде од 11, а квалификациите од 14 часот. Што се однесува до трката, нема промени и таа ќе стартува од 15 часот.

 

Се вчитува...