Ф1: Рено официјално стана Алпин и го претстави новиот болид

Во септември 2020 година, Рено објави дека ќе помине низ процес на „ребрендирање“ и дека тимот што ќе се натпреварува во шампионатот во Формула 1 од следната сезона ќе се вика Алпин. Тимот го претстави својот стратешки пристап наречен „Ренолуција“, кој вклучува идеја дека Алпин ќе ги собере сите спортски тимови на Рено.

Алпин им претстави на фановите како ќе изгледа привременото решение на автомобилот со црна основа и црвена, бела и сина боја на задниот дел и од страните. Црната боја е омаж на прототипот А500 Ф1 од 1975 година, а Алпин дизајнот го нарече „привремена зимска боја“.

Привремената боја ќе биде актуелна до февруари, кога Алпин ќе го претстави новиот болид, за време на кој ќе бидат присутни возачите Фернандо Алонсо и Естебан Окон.

Се вчитува...