Ф4 на Евролигата идната година во Белград!?

Грчкиот портал Спорт 24, лансираше информација дека идната година фајнл-форот во Евролигата ќе се одржи во Белград. Српскиот главен град е најсериозен кандидат за организација на битката за трофејот.

Белград и оваа година беше меѓу кандидатите, но на крајот раководството на Евролигата се одлучи да се одржи првпат надвор од Европа, во Абу Дабу.

Конкурент на Белград му е градот Валенсија, кој исто така сака да го огранизира идниот фајнл-фор. Меѓутоа засега поголем фаворит е Србија.

Белград досега двапати беше организатор на Ф4. Во 2018 година кога титулата ја освои Реал Мадрид, и во 2022 година кога Анадолу Ефес беше крунисан за најдобар тим во Европа.

Се вчитува...