Ф4 сепктакл во Берлин: Може ли Реал Мадрид против историјата?

Главниот град на Германија, Берлин од денеска па до недела ќе биде во центарот на вниманието на европската кошарка. Во „Убер“ арената битка за евролигашкиот трофеј ќе водат Реал Мадрид, Олимпијакос, Панатинаикос и Фенербахче.

Шпанскиот, турскиот и грчките тимови имаа фантастична сезона во регуларниот дел од сезоната и четвртфиналето од плеј-офот, но сега се наоѓаат пред најголемиот испит годинава – како во два натпревари на неутрален терен да се добијат два силни противници.

Се чини дека најтешката задача овој викенд ќе ја има Реал Мадрид кој покрај тоа што ќе се натпреварува против силни противници ќе игра и против историјата која вели дека ниту еднаш од воведувањето на новиот формат на натпреварувањето во сезоната 2016/17, првопласираниот тим по регуларниот дел го освоил шампионскиот трофеј.

Првиот полуфинален пар го сочинуваат ривалите Панатинаикос и Фенербахче кои силите ќе си ги одмерат од 18 часот, а од 21 часот не очекува и реваншот од минатогодишното финале помеѓу Реал Мадрид и Олимпијакос.

„Фанјл фор“ спектаклот на Евролигата никогаш не разочарува. Во најголемиот дел од овие натпревари победникот е одреден на „една топка“ што беше случајот и во ланското финале каде пресуди искусниот Шпанец Серхио Љуљ носејќи победа за Реал Мадрид.

Спектаклот ќе биде проследен и од страна на сегашни и поранешни кошаркарски ѕвезди. Во Берлин најавено е присуство на Јанис Адетокумпо, Денис Шродер како и поранешниот НБА шампион Скоти Пипен.

Се вчитува...