ФА не простува: Четири меча суспензија за Арсен Венгер

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, доби ригорозна казна од четири натпревари суспензија поради црвениот картон што го заработи за време на последниот премиерлигашки дуел со Барнли.

Венгер поцрвене поради критиките кон судиите откако најпрвин Џака доби црвен картон, а потоа беше досуден и пенал за гостите. Французинот беше бессен и во тунелот кај соблекувалните го турна четвртиот судија Ентони Тејлор, што беше потенцирано како дополнително кршење на правилата, па стратегот на „топчиите“ наместо очекуваните две, заработи суспензија од четири средби.

Тој ќе почне да ја одлежува казната на дуелот со Саутемптон во рамките од ФА Купот, а потоа нема да биде на клупата на Арсенал ниту на премиерлигашкиот меч со Ватфорд, големото лондонско дерби со Челси, како и а на пресметката со тимот на Хал.

Покрај суспензијата, Венгер за овој инцидент ќе плати и парична казна од 25.000 фунти.

Се вчитува...