Фабио Канаваро ќе ја предводи репрезентацијата на Полска!?

Фабио Канаваро најверојатно ќе стане селектор на полската репрезентација. Италијанецот ја прифатил понудата од Полската фудбалска федерација.

Според „Фудбал Италија“, Канаваро веќе се сретнал со претставници на полската репрезентација. Преговорите на двете страни беа успешни, Фабио Канаваро е подготвен да потпише договор за период од две години.

Се истакнува дека алтернативна опција за полската репрезентација е екс тренерот на Јувентус, Андреа Пирло. 48-годишниот Канаваро беше главен тренер во Евергранде, Ал-Наср, Тијанџин и привремено беше обврзан селектор на кинеската репрезентација. Италијанскиот стручњак го напушти Евергранде во септември 2021 година.

За потсетување, репрезентацијата на Полска ќе игра на гостински терен со селекцијата на Русија во баражот за пласман на СП 2022 година во Катар. Победникот од овој натпревар ќе се соочи со победникот од дуелот Чешка – Шведска. Натпреварот Русија – Полска ќе се одигра на 24 март.

Се вчитува...