Арсенал и официјално го промовираше Фабио Виеира за ново засилување. Станува збор за фудбалер од Порто, кој во Лондон доаѓа за обештетување од 40 милиони евра.
Португалецот потпиша петгодишен договор со „топџиите“. Тој има 22 години и игра во средниот ред. За младата репрезентација на Португалија има 21 настап со 13 постигнати голови.
„Сите знаат дека ова е фантастичен тим. Тоа е една од причините што го одбрав Арсенал“, рече Виеира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА