Фабрегас: Барса е секогаш фаворит поради Меси

Играчот за врска на Челси и екс-фудбалер на Барселона, Цеск Фабрегас вели дека Барса е секогаш фаворит да ја освои Лигата на шампиони бидејќи го имаат во тимот Лионел Меси. Фабрегас ја делеше соблекувалната со аргентинската супер-ѕвезда, двајцата се блиски пријатели и вон теренот, па токму од искуство говори зошто „каталонците“ имаат предност во однос на сите други во елитното натпреварување.

„Барса е секогаш фаворит, тие го имаат најдобриот играч на светот, Лео Меси. Само поради него тие имаат најголеми шанси да го освојат европскиот пехар, а истото значи и за шпанското првенство. Меси е вон-сериски фудбалер, колку и да се обидувате да го спречите, тој секогаш ќе најде начин како да ве совлада, ретко кој наоѓа начин како да го спречи“, вели Фабрегас.

Изјавата на шпанскиот репрезентативец потсети на зборовите на предводникот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, кој уште од почетокот на сезоната изјавуваше едно нешто кога и да го прашаа во врска за фаворизирање на екипите во ЛШ: „Тимот во кој игра Лео Меси е фаворит“, па може да се каже дека двајцата Шпанци се едногласни кога станува збор за кој клуб има најголеми шанси да стигне до врвот на Европа годинава.

Челси и Барселона утре ќе се сретнат на „Стемфорд бриџ“ во рамките од првиот осминафинален дуел во ЛШ.

Се вчитува...