Фабрегас до сопругата: Почнува фудбалот, веќе нема да сум достапен…

Цеск Фабрегас нема да игра фудбал уште најмалку неколку месеци бидејќи француската лига предвреме заврши, но шпанскиот ас не крие дека е среќен што барем ќе почнат возбудувањата во неговата татковина. Тие средби ќе мора да ги гледа на ТВ, тој веќе и порачал на сопругата да не се надева на помош со децата како досега.

Комуникацијата со својата поубава половина Фабрегас ја обелодени на профилот на твитер.

„Додека вечеравме само ја потсетив сопругата дека фудбалот се враќа, по повеќе од три месеци, 13 седмици, 92 дена, 2.208 часа од моето целосно внимание кон семејството и носење на децата на грб. Повеќе нема да бидам достапен“, открива Фабрегас.

Веднаш добил и одговор од сопругата…

„Нејзиниот одговор беше искрен: Во ред, барем беше убаво да те запознаам онаков каков си навистина, каков прекрасен маж си бил“, напиша Фабрегас на својот профил на твитер.

Се вчитува...