Фабрегас ја откри желбата: Азар сака трансфер во Реал

Поранешниот соиграч на Еден Азар, шпанскиот интернационалец Цеск Фабрегас, ја откри желбата на Белгиецот за продолжување на кариерата. Тој тврди дека Азар сака трансфер во Реал Мадрид. Пред неколку дена белгискиот напаѓач јавно истакна дека ја донел одлуката, иако не го откри клубот каде ќе се пресели во летниот преоден рок.

„Тој секогаш зборуваше дека е среќен во Лондон, но негова огромна желба е да го носи дресот на Реал Мадрид. Мислам дека наскоро ќе си ја оствари“, изјави Фабрегас.

Еден Азар има договор со Челси до јуни 2020 година, а Реал Мадрид е подготвен да плати 100 милиони евра за да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...