Фабрегас: Ќе сторам се вечерва да не му биде удобно на Меси на „Камп Ноу“

Челси вечерва и гостува на Барселона во реванш натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, а тоа ќе биде нов дуел на големите пријатели, Цеск Фабрегас и Лионел Меси. Во минатото играа заедно на „Камп Ноу“ во дресот на Барселона, но вечерва ќе бидат лути противници, како што најавува Фабрегас.

„Ние сме големи пријатели, имавме убава можност да бидеме и соиграчи со Меси, но сега сме на спротивни страни. Верувајте, ќе сториме се, и јас и соиграчите, за да направиме да не му биде удобно вечерва на Лео на теренот. Барселона е одличен тим, но ние имаме свои шанси и ќе се обидеме да се пласираме во следната рунда“, истакнува Цеск Фабрегас.

Првиот меч на „Стемфорд бриџ“ заврши 1-1, па Челси ќе мора да постигне најмалку еден гол за да се надева на пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Се вчитува...