Фабрегас: Осум години не зборувам со Гвардиола, со Мурињо уште сум пријател

Цеск Фабрегас во интервју за шпанските медиуми говореше за тренерите со кои има соработувано низ кариерата, обелоденувајќи дека веќе подолго време не разговара со Пеп Гвардиола. Токму каталонскиот стратег го убеди Фабрегас да се врати на „Камп Ноу“ во 2011 година, но нивната соработка беше далеку од идеална.

„Не сум разговарал со Пеп откако си заминав. Не знам дали разочарувањето е обострано, се случија некои работи кои не сакам да ги коментирам. Гвардиола беше мој идол додека растев, но сега тоа е завршена приказна“, откри Фабрегас.

За разлика од Гвардиола, шпанскиот плејмејкер се уште остана во беспрекорен однос со Жозе Мурињо, за кого настапуваше во тимот на Челси.

„Мурињо беше отворен од првиот ден. Ми го претстави проектот кога решив да заминам од Барселона… претходно имавме недоразбирања додека јас бев во Арсенал, а тој во Челси, но решивме да свртиме нов лист. Соработката беше беспрекорна, се уште сме повремено во контакт, слободно можам да кажам дека Мурињо ми е пријател“, изјави Фабрегас, кој сега го носи дресот на Монако.

Се вчитува...