„Фалангата“ со репрезентацијата и во добро и во зло (видео)

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Со огромен оптимизам се исчекуваше вечерашниот дуел со Шпанија, голем број Македонци минаа и над 900 километри за да ги бодрат нашите ракометари, за на крајот сите разочарани да си заминат од арената во Вараждин.

И доколку играчите не можат да добијат преодна оценка за прикажаното на теренот, тогаш навивачите заслужуваат чиста десетка. Кога не одеше од самиот почеток се обидоа да го вратат националниот тим, па дури и кога мечот беше решен „фалангата“ не престана да ги бодри своите миленици, за на крајот со песна да ги испрати кон соблекувалните.

Поврзаноста на навивачите и ракометарите е повеќе од очигледна, па на играчите сега е да возвратат – со добра игра и победа над Чешка.

Се вчитува...