Фалкао ќе потпише нов договор со Монако, но има еден услов

Колумбискиот голгетер, Радамел Фалкао е подготвен да ја продолжи соработката со „кнезовите“, но само ако клубот продолжи да се бори за трофеи во Франција и Европа, амбиции кои сезонава и тоа како се остварени. Фалкао, кој по две катастрофални позајмици во Јунајтед и Челси, се врати и се препороди во Монако, редовно ги тресе мрежите, на 38 натпревари во сите конкуренции постигна 28 гола, од кои 19 се во лигата. За враќањето во неговата препознатлива форма голема заслуга имаат и неговите соиграчи кои сезонава играат фантастично како колектив, а сето тоа изрежирано од тренерот Леонардо Жардим.

Договорот на Фалкао истекува во 2018 година, но Колумбиецот вели дека не сака да го напушти тимот бидејќи сите се трудат да ги постигнат целите поради кои тој дојде тука, а тоа е да освојуваат трофеи, или барем да се борат за нив до крај.

„Многу добро се адаптирав тука. Голем дел од времето поминуваме заедно како тим, па можеби тоа не’ прави да играме поколективно. Одлично ја започнавме сезоната, уште подобро го одржуваме темпото. Иако останавме без домашните купови, имаме големи шанси да ја освоиме лигата, како и Лигата на шампиони, но прво мора да се соочиме со Јувентус, а тоа ќе биде нашиот најголем  предизвик сезонава. Доколку продолжиме вака и следната сезона, верувам дека можеме да постигнеме многу повеќе, а јас ќе бидам пресреќен да останам“ – истакна Фалкао.

Се вчитува...