Фалкао му закажа на Монако финале со ПСЖ во Лига – купот на Франција

Монако го совлада Монпелје со 2-0 и се пласира во финалето на Лига – купот на Франција, каде ќе ги одмери силите со Пари Сен Жермен. „Кнезовите“ беа подобар противник на овој меч, а тоа го валориризаа преку Радамел Фалкао.

„Ел Тигре“ беше стрелец на двата гола на натпреварот. Тој во 15.минута донесе водство за својот тим, а во 29.минута уште еднаш се запиша во листата на стрелците. Монпелје немаше одговор, па Монако заслужено се пласира во финалето.

Се вчитува...