Фалкао останува во Монако до 2020 година

Колумбискиот интернационалец Радамел Фалкао го продолжи договорот со францускиот првак Монако до 2020 година. Тој ја прифати понудата на раководството да потпише нов тригодишен договор, откако имаше одлична сезона во дресот на „кнезовите“. Фалкао ја носи и капитенската лента во тимот, а тренерот Леонардо Жардим верува дека и во наредниот период ќе биде вистински предводник на неговиот состав.

„Фалкао е неверојатен играч, голгетер од врвна класа, а освен тоа и моја продолжена рака на теренот. Со неговото искуство влијае неверојатно позитивно на соиграчите, и таков играч би можел да посака секој тренер. Тој дефинитивно му е потребен на Монако и во наредните сезони, и мило ми е што потпиша нов договор“, изјави тренерот на Монако.

Се вчитува...