Фалкао: Се боревме до крај и горди сме на тоа

Монако го заврши својот пат во Европа во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако синоќа и вторпат загуби од Јувентус, со 2-1 во Торино. „Кнезовите“ не можеа да направат чудо по поразот од 0-2 на домашен терен, но, сепак, успеаја барем еднаш да ја затресат мрежата на Буфон. А тоа не и успеа ниту на една Барселона.

„Се боревме до последна капка пот и се обидувавме да останеме непоразени во Торино. Но, Јувентус е квалитетен европски тим и кога ќе му дозволите да поведе, тогаш е многу тешко да го свртите резултатот. Успеавме да постигнеме еден гол, но поразот од првиот меч беше решавачки. Сепак, горди сме на нашето остварување во Лигата на шампионите оваа сезона и се надеваме дека идната сезона ќе стигнеме до големото финале. Сега ќе се фокусираме на француското првенство, со надеж дека таму ќе се радуваме и ќе ја освоиме титулата“, изјави капитенот на Монако, Радамел Фалкао.

Се вчитува...