Фамилијата Сити доби нов член – „Граѓаните“ добија братски клуб од Франција

Групацијата „Сити“ која покрај тимот од Манчестер има уште осум клубови во светот, доби и десетти член. Тие се нови сопственици на францускиот второлигаш Троја. Сити групацијата ги откупи акциите од претходниот сопственик, Даниел Масони, со што стана мнозински сопственик на францускиот клуб, додека Максим Реј остана сопственик на помал број акции во клубот.

Фудбалскиот клуб Троја е формиран во 1986 година, а неговиот стадион има капацитет од 20.000 седишта. Во 2001 година клубот го освои Интертото купот, а беа шампиони во Лига 2 во сезоната 2014/2015. Минатата сезона која беше прекината поради пандемиајта од коронавирусот ја завршија на четвртата позиција во Лига 2 и за малку не успеаја да обезбедат учество во елитата.

Со купувањето на Троја, групацијата „Сити“ додаде уште еден клуб во сопствеништво по тимовите на Манчестер, Њујорк, Мелбурн, Јокохама, Монтевидео, Џирона, Сичуан, Мумбај и Ломел.

Се вчитува...