Фановите го налутија Медведев: Имаат низок коефициент на интелигенција

Рускиот тенисер Данил Медведев беше разочаран од однесувањето на публиката во Род Лејвер арената на мечот со домашниот претставник Ник Кирјос. Навивачите активно учествуваа на натпреварот, цело време го поддржуваа Кирјос, а имаше и свирежи до Медведев.

Она што го налути рускиот тенисер е реакцијата на публиката помеѓу неговиот прв и втор сервис.

„Баш е разочарувачки … Секако, тоа е очекувано кога играш против некој од милениците на публиката, и тоа не проблем, но е неопходно да имаат респект и кон противникот. На денешниот меч имаше моменти кога беа премногу гласни помеѓу мојот прв и втор сервис, со цел да направам двојна сервис грешка. Ваквите навивачи веројатно имаат низок коефициент на интелигенција и немаат познавање од кутлурата во овој спорт“, потенцираше Медведев.

Рускиот тенисер на крајот успеа да победи со 7-6, 6-4, 4-6, 6-2 и се пласираше во третото коло на Австралија Опен. Негов следен ривал ќе биде Ботик ван де Зандшулп.

Се вчитува...