Фановите на Ф1 во очекување – Светот наскоро ќе ја дознае вистината за Михаел Шумахер

Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер се опоравува од страшната несреќа на скијање повеќе од седум години, а по барање на неговото семејство, третманот се спроведува во тајност.

Никој не ја знае неговата здравствена состојба, освен неговите најблиски и во јавноста не доаѓаат никакви конкретни информации за тоа како се чувствува поранешниот шампион во Формула 1 денес.

Сепак, најавен е документарецот „Шумахер“, кој треба да одговори на тие прашања и да ја открие целата мистерија за страдањата на легендарниот германски возач.

По тој повод, приватните снимки на Шумахер ќе бидат видени за првпат по несреќата. Во филмот, чија промоција претходно беше откажана поради пандемијата на коронавирусот, ќе се појават и неговата сопруга, брат, ќерка и син.

Фановите на Ф1 овој филм со нетрпение го чекаат, а светот конечно ќе има можност да ја дознае целата вистина за животот на Шумахер по страшната несреќа.

Се вчитува...