Фановите на Ливерпул направија хаос: 34 повредени, тројца во болница

Прославата на титулата на Ливерпул донесе 34 повредени лица од кои три сериозно како и комплетно непочитуавње на мерките и регулативата за заштита од коронавирусот. Затоа клубот не штедеше зборови во осудата на однесувањето на навивачите. „Катастрофа“ и „комплетно неприфатливо“ се изразите кои се користат во соопштението на клубот во кое се осудуваат собирите.

Не бираше зборови ниту градолначалникот кој рече дека фановите со прославата го посрамиле и градот и клубот. Градскиот совет исто така беше жесток во критиките. Дел од повредените и натаму се на болничко лекување, а пожарните служби мораа да се справуваат и со помал пожат во градот. Материјалната штета е проценета на околу 10.000 фунти.

На крајот од прославата на која имаше и семејства со деца останале стотина навивачи кои правеле сериозни проблеми информираат од полицијата на Мерсисајд. Двајца полицајци биле повредени. Во целата ситација сите надлежни институции најголемата критика ја насочуваат кон непочитувањето на препораките за дистанцирање и носење маски со оглед дека во Англија и во Велика Британија бројката на новозаболени и на починати и натаму е крајно загрижувачка.

 

 

Се вчитува...